Заев: Стравот на граѓаните е минато

Од вторникот граѓаните можат да добијат лек што им е препишан на рецепт од која било аптека во државата и во кој бил ден во месецот. Од вторникот се укинаа квотите  за лековите и се воведе нов електронски систем во кој ќе се регистрираат граѓаните кои подигнале лек на рецепт.

-Нема веќе недостаток на лекови, стравот на граѓаните е минато. Ги укинавме квотите за лекови во аптеките насекаде во државата. За мене ова е значајна мерка со цел граѓаните во секое време, во секој период од денот, во секој период од месецот, да имаат достапни лекови - напиша премиерот Зоран Заев денеска на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2019 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега