Вељаноски ги повикaл Димовски и Муслиу да реферираат за кадровските промени во разузнавањето

Директорот на новата Агенција за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски вo среда треба да реферира пред собраниската Комисија за надзор на безбедносно разузнавачките служби за преземањето на кадри од поранешната УБК,објави „Независен весник“. На дневен ред на седницата на надзорната комисија, покрај точката во врска со преземањето, селекцијата и изборот на работници од УБК во АНБ, е и информација за кадровските промени и состојбите во Агенцијата за разузнавање, која е под надлежност на шефот на државата.

Најавено е дека за состојбите во оваа Агенција ќе информира нејзиниот директор, односно Еролд Муслиу, кој беше поставен на функцијата по изборот на Стево Пендаровски за претседател.
Претседател на оваа собраниска Комисија е поранешниот претседател на парламентот Трајко Вељаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е прва седница на надзорната комисија по смената на челното место во Агенцијата за разузнавање, како и по формирањето на АНБ, која почна со работа на 1 септември. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2019 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега