Тимоние: „Рекет” треба да се разгледува реално и да се стави крај на неказнувањето на политичката елита

Се разбира дека за датум за преговори ќе бидат земени предвид заслугите на секоја земја индивидуално, меѓутоа постои глобална визија за иднината на Европската унија.

Франција се уште не одлучила како ќе се изјасни за отпочнување на преговорите на Република Македонија со ЕУ и за неа е многу важно владеењето на правото, а одлучувачки ќе биде генералниот пристап за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, изјави денеска францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Тој потенцира дека случајот „Рекет” треба да се разгледува реално и да се стави крај на неказнувањето на политичката елита и на едната и на друга страна.

-Се разбира дека за датум за преговори ќе бидат земени предвид заслугите на секоја земја индивидуално, меѓутоа постои глобална визија за иднината на Европската унија, а таа претпоставува регионална димензија, која е многу важна во одлучувањето. Заслугите и индивидуалниот прогрес на секоја земја ќе бидат вреднувани одделно, но генералниот пристап за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан ќе биде најважен, истакна амбасадорот Тимоние, во врска со тоа дали Република Македонија ќе биде разгледувана во пакет со Република Албанија кога ќе се одлучува за доделување на датум за отпочнување на преговори со ЕУ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2019 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега