Ни следува продолжен викенд - останаа уште малку неработни денови до крајот на годината

Останаа уште три државни празници односно неработни денови кои важат за сите граѓани на Македонија, до крајот на 2019 година. Ќе имаме уште два продолжени викенди до 2020 година.

Следниот неработен ден за сите граѓани е 11. октомври, Денот на народното востание, кој паѓа во петок, па со тоа добиваме и продолжен викенд.

Ова се неработните денови во 2019 кои ни останаа:

За сите граѓани на РМ

11 Октомври (петок), Ден на народното востание

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од католичка вероисповед

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2019 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега