Пендаровски се откажува од привилегиите по истекот на мандатот

Претседателот Стево Пендаровски се откажува од државните привилегии кои му следуваат по истекот на мандатот. Во изјава за ТВ24 од неговиот Кабинет велат дека тој ќе се откаже од правото на користење на канцеларии со соработници и од доживотната претседателска пензија.

„По истекот на мандатот претседателот смета дека би требало да му се обезбеди просторија во некоја од државните институции каде би ги извршувал протоколарните активности“ – велат од Кабинетот на Пендаровски.

Прашањето за доживотните привилегии на поранешните претседатели го отвори Антикорупциската комисија која бара да им се намалат бенефициите и Иванов и Црвековски. Само за кирија за нивните канцеларии од буџетот се плаќаат 4.500 евра. Тие имаат право на тројца соработници, возило, возач и доживотна пензија. Во последните 10 години за поранешниот претседател Црвековски и сопругата на Борис Трајковски, Вилма Трајковска потрошени се 1 милион евра.

„За сиромашна како што е нашата, привилегиите на поранешните претседатели се луксуз кој треба да се преиспита“, рече претседателката Билјана Ивановска која најави иницијатива до Собранието и Уставниот суд за да почнат постапка за измени на Законот кој им го овозможува луксузот на поранешните претседатели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2019 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега