Стабилен викенд – од понеделник попладне пристигнува циклонот „Роберт“

За време на овој викенд ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

Минималните температури и понатаму ќе бидат доста ниски и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 10 степени додека максималните дневни денес ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 а утре од 19 до 25 степени.

Под влијание на нов влажен бран кој ќе биде во склоп со циклонот РБЕРТ на повеќе места нови врнежи ќе имаме во вторник кога повторно локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Локално не се исклучуваат и нешто поинтензивни атмосферски процеси. Појава на врнежи ќе има уште во понеделник и тоа на запад.

За време на овој циклон локално ќе наврне позначително количество на воден талог

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2019 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега