Искоритете го сонцето- утре сончево, а од понеделник дожд и грмежи

Уште утре ќе се задржи сончево време, а веќе од понеделник попладне и во вторник синоптичарите најавуваат повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Утре, утринските температури ќе бидат ниски, а во Берово се очекува температурата да се спушти до -1 степен, додека дневните температури ќе достигнат до 27 степени.

И во следните денови утрата ќе бидат студени со минимални температури од 2 до 15 степени, додека дневните ќе се движат од  20 до 29 степени.

Услови за локален дожд ќе има и во четврток, а во петок се очекува стабилизирање на времето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2019 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега