Јавно обвинителство ги презеде предметите од СЈО

Јавното обвинителство на Република Македонија ги презеде предметите од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

По преземањето, како што соопшти Обвинителството, предметите се доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети се до определување на надлежно Јавно обвинителство и јавен обвинител кој ќе постапува во секој предмет.

Во Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе продолжат да се спроведуваат досегашните безбедносни мерки и начинот на движење на предметите, доказните материјали и материјалите од прислушуваните разговори, а за контрола над спроведувањето на овие мерки задолжени се двајца јавни обвинители

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега