Села: Со сите би направил предизборна коалиција освен со ДУИ

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во интервју за ТВ21 вели дека со сите би направил коалиција освен со ДУИ.

„Рано е да се каже со кого би влегле во коалиција, во моментот кога ќе се објават изборите ние сме подготвени да коалицираме со секој Албанец кој сака да донесе промена и има за цел да донесе промена и демократија во албанското општество ,а не тој што прави калкулации за да преживее во политичката сцена. Од можноста за коалиција се исклучува ДУИ, кои се наши опоненти и кои мислиме да ги победиме на следните предвремени избори“, вели Зијадин Села.

На прашање дали би прифатил коалиција со СДСМ, тој вели дека нема намера да влегува во такви авантири.

„СДСМ не ја сметам како албански политички субјект и ние во таквите авантури и коалиции не мислиме да влеземе“, додава Села.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега