Села: Нема потреба Заев да предлага ново обвинитлство, такво е веќе создадено

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во интервју за ТВ21 вели дека треба да се усвои само новиот закон за ЈО, а не да се формира ново обвинителство како што вчера предложил премиерот Зоран Заев на лидерската средба.

„Нашиот концепт за предлог-законот е да продолжи со работа СЈО, а на чело да има обвинител од земјите на ЕУ и САД. Нема потреба на средби Премиерот да предлага создавање на ново обвинителство кое ќе гони криминал и висока корупција, бидејќи такво обвинителство веќе еднаш е создадено, само треба да се измени Законот за СЈО со цел оваа обвинителство да се занимава и со криминалот кој се случил од независноста на државата до денес, но и во иднина, и корупцијата од високи партиски функционери“, рече Села во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

На прашање доколку не се постигне договор меѓу власта и опозицијата за овој Закон, дали државата ќе влезе во политичка криза или дали ќе има предвремени избори, Села вели дека ќе има последици за добивање на датум за преговори.

„Секако дека доколку не се постигне договор за Закон кој треба да се состави од политичките фактори кои се релевантни, а не само од македонските политички партии, тоа ќе има последици и во датумот за преговори кој го чекаме во октомври. По тој момент, земјата ќе влезе во криза од која може да излезе само со предвремени избори“ вели Села.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега