Фармацевтите против издавање лекови на рецепт со лична карта: „Тоа ќе создаде хаос“

 

Фармацевтската комора на Македонија не ја поддржува одлуката на Фондот за здравство од 1 октомври, лекови издадени на рецепт, од аптека да се подигнуваат само лична карта или со пасош. Велат дека тоа ќе создаде хаос во аптеките и нема да придонесе за контролата која сака да ја прави здравствениот фонд, пренесува „Алсат М“.

„Се поставува прашањето, дали сме смееме да им бараме лична карта или пасош на пациентите или лицата кои сакаат да земат лек во име на пациент. Второ, дали е ова контролен механизам на давање на терапиите од страна на лекарите или фармацевтите. Мислам дека посебен акцент треба да ставиме на описот на соодветната терапија за пациентот. Ова не е начин за контролира на издавањето лекови, било во аптеките, било од матичниот лекар“, изјави Имер Имери, претседател на Собранието на Фармацевтската комора.

Граѓаните се поделени. За дел, одлуката на Фондот за здравство е непотребна, а за некои пак не претставува пречка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега