Жерновски во Баварија: Одлуката во октомври е важна за нас, за вас и за целиот регион

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, престојуваше во работна посета на германската сојузна покраина Баварија.

Како што информираат од ресорното министерство, посетата била по покана на претседателот на Комисијата за европски прашања во баварскиот парламент.

Жерновски ги информирал баварските власти за постигнатите резултати во реформските активности од европската агенда на Северна Македонија, за политичките случувања во земјата и добрососедските односи.

„Европската перспектива за Република Северна Македонија е мотор за позитивни промени. Одлуката во октомври е важна за нас, за вас и за целиот регион. Датумот за почеток на преговори ќе биде заеднички успех, македонски и европски”, истакнал заменик министерот на средбите.

Посочил и дека владата е фокусирана на реформите и на намерата да ја направи државата стабилна и сигурна.

За време на работната посета, Жерновски остварил средби и со министерот за економија на Баварија, Хуберт Аивангер, министерот за животна средина, Торстен Глаубер и со министерот за образование Михаил Пазоло.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега