Заев: Нема да ги заташкуваме криминалите на ВМРО-ДПМНЕ

Предложивме да биде основано Обвинителство за висока корупција и обвинителот да го предложи лично опозицијата. Но, кај Мицкоски сѐ се сведува на едно барање: амнестија или уништување, запирање и крај за случаите од режимот. Ова го напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

- Ниту ги интересира ЕУ и НАТО, ниту пак владеење на правото. Ниту ги интересираат граѓаните, ниту напредокот на земјата. Ние тоа нема да го прифатиме. Нема да ги заташкуваме криминалите на ВМРО-ДПМНЕ, напиша тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега