Мицкоски: Во записниците за Рекет го нема моето име, но има имиња од власта!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес одржа прес-конференција на која говореше за синоќешната лидерска средба и за причините поради кои не е постигнат договор, а се осврна и на обвинувањето на Заев дека патиштата на Рекет воделе до Мицкоски.

- „Нема да го тужам и нема да се заканувам со тужби поради оваа невистина. Но, ќе го предупредам дека свиркачи во ВМРО-ДПМНЕ ги донесоа исказите кои се дадени кај обвинителката која што го води предметот Рекет. Но, истовремено и нардебите за вештачење, како и резултатите од вештачењето. Тука моето име го нема, но има имиња на луѓе од власта. Нема да правиме воајерски шоуа презентирајќи ги овие документи се додека гледаме дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот. Првиот момент кога ќе видиме дека некој сака да го заштити јавниот интерес, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста", порача Мицкоски денеска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега