Две момчиња тешко повредени - Итно донесени на скопските Клиники

Двајца работници тешко повредени биле донесени на скопските Клини вчера откако се здобиле со повреди при работа.

МВР информира дека во 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека  во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле донесени  34-годишниот Б.С. од Свети Николе и 31-годишниот А.В. од Скопје, двајцата вработени во фирма во Скопје, кои се здобиле со повреди од пад од висина.

Кај Б.С. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај А.В. телесни повреди.

За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега