Тетово: Прегазил момче на улица и избегал од местото на настанот

 

Момче се здобило со тешки телесни повреди откако било прегазено од автомобил во Тетово.Вчера во 08:00 часот, било пријавено дека во Тетово, на крстосницата од булеварот „Видое Смилески Бато“ и улицата „Браќа Миладиновци“ за сега непознато патничко моторно возило удрило во 24-годишниот В.И. од Тетово, по што го напуштило местото на настанот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.08.2019 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега