Мицкоски му честиташе на Марк Руте за изборот на нов генерален секретар на НАТО

 

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, му упати честитка на Марк Руте за неговиот избор како нов генерален секретар на НАТО. Во својот статус на мрежата Икс (поранешен Твитер), Мицкоски го истакна значењето на лидерството на Руте во овие предизвикувачки времиња и изрази подготвеност за соработка во зајакнувањето и зголемувањето на капацитетите на Алијансата.

„Честитки @markrutte за назначувањето како следен @nato #SecGen. Вашето лидерство во овие предизвикувачки времиња ќе биде од најголема важност. Со нетрпение очекувам да работиме заедно за посилна и поподготвена Алијанса. #WeAreNATO #StrongerTogether,“ напиша Мицкоски.

Оваа изјава на Мицкоски доаѓа во момент кога НАТО се соочува со бројни глобални предизвици, нагласувајќи ја важноста на соработката и единството меѓу сојузниците.

 

26.06.2024 - 14:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега