Несреќа во Охрид - маж прегазен од возило кое само се придвижило

Маж се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа во Охрид.

„Вчера во 16:15 часот било пријавено дека во Охрид, на локалниот пат кон место викано Чекоштина, кај крстосницата која води кон „Сончева порта“ и локален неасфалтиран пат за село Орман, 59-годишниот Л.В. од Охрид, го паркирал возилото ,,Хјундаи Аксент“ со охридски регистарски ознаки и излегол од него. Бидејќи возилото не било обезбедено, почнало да се придвижува наназад, по што Л.В. се обидел да влезе во него, но не успеал, а возилото продолжило да се движи прегазувајќи го. Л.В. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид“, информира МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.08.2019 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега