Тешка сообраќајка во Македонија: Се искршија три возила

Две лица се повредени во тешка сообраќајка која вчера се случила во Прилеп, кога се искршиле три возила.

МВР информира дека во 16,30 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од улица „Карпалак“ и улица „Ордан Чопела“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Викторија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 53-годишниот Т.А. од Прилеп, патничко моторно возило „Пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Л.А. од Зајас, кичевско, и патничко моторно возило „Фиат браво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Л.П. од Кичево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот Б. А.(40) од Прилеп, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот Т.А.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2019 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега