Две сестри нападнати на улица во Скопје
Две сестри биле нападнати на улица во Скопје, информира МВР.
Нивната мајка, 33-годишната П.С. од Скопје, синоќа во 01:30 часот во СВР Скопје, пријавила дека на 08.08.2019 околу 23:00 часот на булеварот ,,Борис Трајковски’’ женско лице на возраст од околу 60-65 години физички ги нападнало нејзините две ќерки.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
09.08.2019 - 15:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа