Внимавајте на скопските улици: Нападнати три лица, меѓу нив и жена

Неколку скопјани пријавиле дека синоќа биле нападнати на различни локации.

 

Во МВР во 18,20 часот е пријавено дека  на булеварот “Гоце Делчев“ 53-годишниот А.Д. бил физички нападнат од две лица. 

Потоа, во 21.30 часот во СВР Скопје, 53-годишниот А.А. од Скопје пријавил дека на улицата “Максут Садик“, 33-годишниот Х.К. од Скопје физички го нападнал неговиот 17 годишен син.

Истиот период во 21,30 часот во СВР Скопје, Д.Ј. од Скопје, пријавила дека на улицата Венјамин Мачуковски едно лице физички ја нападнало и и одзело мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2019 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега