„Голф“ удри во „Мерцедес“ во Скопје - две жени пренесени во болница

 

Две женски лица се здобиле со телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа во Скопје.

„Вчера во 13:00 часот било пријавено дека на улицата „Ферид Мурати“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со куманоски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот И.Б. од село Никуштак-куманоско и патничко моторно возило „Мерцедес КУЈ 518“ со германски национални ознаки, управувано од 31-годишниот В.А. од село Студеничани-скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Фолксваген Голф“ М.Б.(44) од село Никуштак-кумановско и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобила друга сопатничка од истото возило Н.Б.(18) од село Никуштак-кумановско по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје“, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега