Млади момчиња фатени на дело - Македонската полиција веднаш ги уапси

Двајца жители на гостиварското село Чегране се приведени откако при претрес кај нив е најдено ќесе со марихуана.
 
 
Според СВР Тетово, полициски службеници, вчера околу 15:45 часот, во гостиварското село Чегране ги лишиле од слобода 21-годишниот Ш.А. и 24-годишниот Е.А. жители на ова село.
 
 
При нивен преглед пронајдена е марихуана по што двајцата потоа се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот. По спроведениот разговор двајцата чегранци ќе се соочат со соодветен поднесок. 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2019 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега