БМВ прегази младо момче во Охрид

Млад охриѓанец е тешко повреден откако го прегазило БМВ на улицата „7 ми Ноември“.

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, во 13:30 часот било пријавено дека во Охрид на улицата „7 ми Ноември“ патничко моторно возило “БМВ“ со охридски регистарски ознаки управувано од 64-годишниот З.З. од Охрид удрило во 29-годишниот А.У. исто така од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во болницата “Св. Еразмо“-Охрид. 

Увид  на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2019 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега