Бојадисувал метална конструкција и паднал - маж од гостиварско итно однесен во болница

 

Вчера во 08:30 часот било пријавено дека во село Чегране-гостиварско, 61-годишниот Ф.Р. од цело Чегране додека работел на бојадисување на метална конструкција пред куќата на неговиот братучед паднал и се здобил со повреди.

Веднаш бил пренесен во амбулантата во с.Чегране, а потоа во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.08.2019 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега