Тешка сообраќајка во Куманово: Повредени Македонци и Срби

Вчера во 15 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „11-ти Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(26) од Куманово, и патничко моторно возило „БМВ“ со српски национални ознаки, управувано од Ј.Ц.(46) од Република Србија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „БМВ“, М.Ц. која била пренесена во Општата болница во Куманово. Со повреди се здобиле и уште две сопатнички од истото возило, како и возачот А.Н. и еден сопатник од  возилото „Ауди“ кои биле пренесени во Општатата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.08.2019 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега