МВР со детали за сообраќајката на Стража - пет лица повредени

 

Пет лица се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа кај Стража објави МВР.

Вчера во 10:40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај превојот Стража, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди А6“ со скопски регистаски ознаки, управувано од 42-годишниот М.С. од Студеничани-скопско и патничко моторно возило „Фолксфаген Голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Ѓ.М. од село Вранештица-кичевско.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот од возилото „Фолксфаген Голф“ кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, потоа сопатник од истото возило како и тројца сопатници од возилото „Ауди“ кои биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.08.2019 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега