СДСМ: Новиот Клинички центар историска инвестиција во здравството

ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да изгради нов, модерен Клинички центар, а од нивните најави и бескрајни одложувања, од Клинички центар остана само голема дупка оградена со тараби, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Игор Николов од ВРМО-ДПМНЕ.

„Наместо, за нов Клинички над 600 милиони евра, пари на граѓаните се потрошија лажен барок, стиропор за задоволување на криминалните апетити на Груевски и фамилијата додека здравството се подлабоко тонеше.

Затоа денес ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за здравството.

Наспроти таквиот неодговорен и несериозен однос кон граѓаните, Владата предводена од СДСМ преку одговорни политики инвестира во ефикасен и модерен здравствен систем.

Конечно по повеќе од 80 години, Скопје  добива нов, модерен клинички центар, кој ќе се гради на територија на општина Ѓорче Петров.

Станува збор за најголема гринфилд инвестиција во македонското здравство за што се обезбедени  500 милиони евра.

Истовремено, Владата предводена од СДСМ постојано инвестира во унапредување на здравството, условите за работа на лекарите и грижа за пациентите.

Во Куманово е отворен нов, современ Ургентен  центар кој што пружа здравствени услуги на околу 200 .000 жители во кумановскиот регион, каде што на едно место ќе има тријажа и дневна болница.

Наместо на споменици како што трошеше ВМРО-ДПМНЕ, 1,3 милијарди денари се искористија за општата болница во Куманово и реконструкција на болницата во Кичево .

Со реформите во здравството кои ги прави Владата предводена од СДСМ се  враќа достоинството на медицинските работници, се обезбедуваат подобри услови за пациентите и се мотивираат квалитетните медицински кадри да останат во својата земја“ се вели во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2019 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега