СДСМ: Мицкоски „мртов-ладен“ го предлага Панчевски за прв човек на новото ЈО во очај дека ќе го врати „Сваровски“ судството, тој филм нема да го гледа
„Предлогот на Мицкоски, Владимир Панчевски да биде прв човек на новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција е предлог за враќање на „Сваровски“ судството кое работеше по инструкции од белиот дворец.
Мицкоски останува посветен на одбрана на криминалот и дејствување против правдата, против интересите на граѓаните и државата.
Заврши времето кога политичари бираа јавни обвинители.
Панчевски е олицетворение на „Сваровски“ судството преку кое ВМРО-ДПМНЕ ја урнисуваше правната држава и ги погазуваше човековите права и слободи.
Мицкоски е олицетворение на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кој го инсталираше таквото судство.
Додека сите работат на изнаоѓање законско решение кое ќе ја зајакне борбата против организираниот криминал, Мицкоски „мртов – ладен“ го кандидира Панчевски, кој е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот и кој давал насоки кој предмет кај кој судија да биде распределен.
Јавноста многу добро знае кој е Владимир Панчевски, човекот кој во центарот на Скопје градеше дивоградби кои потоа сам ги уриваше, човек кој беше осуден за мобинг врз судии.
Тоа се репутацијата и кредибилитетот на Панчевски за кои денеска зборува Мицкоски.
Мицкоски очјано посакува враќање на „Сваровски“ судството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, но тој филм нема да го гледа.
Борбата против корупцијата и организираниот криминал е бескомпромисна и не познава партиска припадност“ се вели во соопштението од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа