Новинарот Љупчо Златев на распит во МВР за случајот со Рашковски

Новинарот Љупчо Златев утринава бил повикан на распит во МВР, поради тоа што во медиумот кој го води биле објавени телефонски разговори во кои се слушаат нелегални активности на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, објави Сител.

- Наместо да ги гони оние кои прават криминал, полицијата ги гони тие кои го откриваат, вели новинарот Љупчо Златев.

Златев на денешната изјава за медиумите кажа дека нема да го открие свиркачот кој му ги дал аудио снимките и ги повика сите оние кои поседуваат какви било материјали во кои има индиции за криминал од власта или опозицијата, да му ги предадат, понудувајќи се за нивно објавување. 

Според Златев, станува збор за целосно недемократски пристап од страна на власта и полицијата, бидејќи на распит повикуваат новинар поради објавена вест во која има сериозни индиции за криминал на државен функционер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2019 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега