Јанева: Со оставката потврдувам дека не можам да влијаам на конечниот исход на случајот „Рекет“

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, која по една недела боледување се врати на работа, на денеешната прес-конференција за медиумите, по една недела молк, кажа дека ниту свесно ниту несвесно не ја залоупотребила должноста што сè уште ја извршува.

„Од моментот за мој избор за специјален обвинител, мојата професионална биографија и семејството се дел од напади на политичките партии со цел да ме дискредитираат. Оваа функција значи чест и одговорност.

Да ви се извинам што подолг период не излегов во јавност, иако не беше лесно да го следам јавниот линч. Во врска со наводите, индициите и вмешаноста во рекет, го изјавувам следното. Тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување не сум ја злоупотребила должноста што ја извршувам“, рече шефицата на СЈО и дополни дека очекува и ги охрабрува органите на прогнот докрај да истражат.

Се познаваме со Јовановски, мојот син работи во ‘1ТВ’, но тоа не значи дека некој стекнал право да ме злоупотребува мене за да презема незаконити дејствија. Затоа очекувам низ постапка да се стави крај на дезинформациите со кои се наштетува на честа и угледот. Подолго време слушам дека не само Бојан Јовановски туку и други лица го злоупотребуваат моето име и презиме

„Со оставката потврдувам дека не можам да влијаам на конечниот исход на случајот Рекет. СЈО е позначајно од мојата функција, бидејќи е беспоштедна битка со криминалот. Оставам во наследство десетици истраги. Тие истраги ќе дадат одговор зошто некој се обиде да го спречи тој реизбор и го загрозува кредибилитетот на СЈО. Благодарам на СЈО и граѓаните што ни помогнавте да работиме на одговорот“, рече Јанева пред новинарите.

Јанева кажа дека остава во наследство 10-ина затворени истраги подготвени за брзо процесирање кои ќе ѝ дадат одговор на јавноста зашто некој со сите сили се обидувал да го спречи нејзиниот реизбор и да го загрози интегритетот на СЈО.

 

Специјалната јавна обвинителка во оставка избегна да одговори на новинарските прашања по завршувањето на прес-конференцијата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2019 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега