Работилница за претприемништво во Скопје

Денеска во Скопје ќе се одржи работилница за претприемништво организирана во рамките на Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија.

Воведни обраќања на собирот ќе имаат  претседавачот на Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија 2013 и член на Одборот на директори на Македонија 2025, Зоран Мартиновски и претседателот на Одборот на Директори на Македонија 2025, Мајк Зафировски.

„Кои се карактеристиките кои придонесуваат да еден глобален претприемач биде успешен?“, „Како растат ИТ компаниите на светско ниво?“, „Иновативни операции на Светската Банка за развој на претприемачки вештини во мобилниот интернет бизнис?“, „Критериуми за аплицирање за новиот македонски стартап фонд“, „Алатки за изработка на успешен бизнис план!“ и „Што прави Македонија за да стимулира иновација и претприемништво?“ се темите на кои ќе се дебатира, а пријавени се н150 млади професионалци, претиприемачи, менаџери и извршни директори.

08.10.2013 - 10:14
Фото: 
Новамакедонија