Дел од скопските населби утре без струја

Утре како што информира РЦУК – Скопје, поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, неколку скопски населби ќе бидат без струја.

Дел од селата Долно, Средно и Горно Коњари, Дивље и Сушица во општина Петровец утре од 9 до 14 часот ќе бидат без струја, додека во периодот од 8 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улица „Ѓорѓи Капчев“ во општина Аеродром, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Македонска Преродба“ и од село Копаница.

Без снабдување со електрична енергија утре од 9 до 14 часот ќе бидат корисниците од улиците „Зејнел Ајдини“ и „Кичевска“. Од 8:30 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Козара“.

 

07.10.2013 - 15:52
Фото: 
Фактор.мк