Јанакиески: Градежните компании да стипендираат повеќе студенти

Денеска за време на одбележувањето 64 години од постоењето на Градежниот факултет во Скопје, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, повика градежните компании да бидат општествено поодговорни, да стипендираат повеќе студенти од областа и да дадат поддршка во стекнувањето практични знаења.

- Градежништвото во последните три години е основна гранка, која стимулира раст во економијата во Македонија, а така ќе биде и наредните четири години. Наредната година планираме градба на два автопати, Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид и за изградба на пругата кон Бугарија. Повеќе работа ќе има во т.н. ниска градба, како замена за високата градба во која имаше повеќе активности изминатите години. Очекувам дека во наредниот период најмногу ќе се бараат лица од ниска градба, рече министерот за транспорт и врски.

Министерот Јанакиески нагласи дека со ова најдобрите студенти ќе имаат средства, а компаниите по завршување на факултетот ќе може да ги земат.

- Да почнат со пракса уште од прва година, бидејќи кога ќе звршат најголем дел од своето време ќе треба да го поминуваат на терен. Што побрзо да влезат во реалното, а со тоа и брзо ќе може да ја совладаат материјата, истакна Јанакиески. 

Инаку, Градежниот факултет е еден од двата најстари технички факултети во Македонија.

07.10.2013 - 14:10
Фото: 
А1.он

најчитано сега