Германските стопанственици се запознаа со инвестициските можности на Македонија

Денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, ги претстави можностите за инвестирање во Македонија пред германските стопанственици.

- Реализирање што поголем број странски инвестиции преку континуирано унапредување на условите за водење бизнис и постојани средби и состаноци со бизнис заедницата и овозможува на државата дополнително да ги развива бизнис можностите за компаниите во Република Македонија, рече Пешевски на средбата.

Како што информира владината прес-служба вицепремиерот Пешевски посебен акцент ставил на секторот енергетика, условите во технолошко-индустриските развојни зони и брзите, ефикасни постапки за отворање и водење бизнис кои ја рангираат Македонија меѓу државите со најниски трошоци на ова поле во Европа.

На состанокот заедно со Пешевски присуствуваа и министерот задолжен за странски инвестиции Бил Павлевски, амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија Гудрун Штајинакер, директорите на Стопанска комора Нинберг за централна Франконија и Стопанска комора на Германија во Македонија и претседателот на Македонско- Германското стопанско здружение.

07.10.2013 - 13:16
Фото: 
вмро-дпмне.орг

најчитано сега