Голема наградна игра на ОНЕ - учествувајте и освојте ултра модерен автомобил

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ најавува голема наградна игра во која главната награда е ултра модерниот, безвременски автомобил MINI ONE.

Од 7 октомври, сите корисници на мобилната телефонија на ОНЕ имаат единствена можност да учествуваат во новата SMS наградна игра “Патувај со ОНЕ и MINI” и да освојуваат вредни награди и тоа:

• Секој ден LED телевизор Sony Bravia32”

• Секоја недела Sony 3LED телевизор 47” и

• Главна награда, прекрасниот MINI ONE

За учество во наградната игра, корисникот треба да испрати SMS порака со текст “DA” на бесплатниот број 1400 по што ќе добие три дена бесплатно учество во наградната игра. По истекот на првите три дена, доколку корисникот не испрати нова порака со содржина “STOP” на истиот број, тоа ќе значи дека останува во игра и се согласува на дневна претплата од 35 денари со вклучен ДДВ која ќе му овозможи понатамошно учество во наградната игра. 

Регистрираниот корисник добива наградно прашање на кое треба да одговори со “1” или “2”. Секој точен одговор носи и поени за корисникот, а колку повеќе поени корисникот освои, толку се поголеми неговите шанси за добивка. 

Добитниците на наградите ќе бидат извлекувани по случаен избор, а ќе бидат објавени на веб страницата на ОНЕ, www.one.mk во рок од три дена од извлекувањето. Наградната игра “Патувај со ОНЕ и MINI” ќе трае до 29 декември 2013 година, а право на учество имаат сите корисници на мобилната телефонија на ОНЕ и ЏаБест. 

Сите информации и официјални правила за наградната игра се достапни на www.one.mk.

 

комерцијална објава

07.10.2013 - 13:01

најчитано сега