Лидерот на ДУИ во посета на Холандија

Денеска делегација на ДУИ предводена од Али Ахмети престојува во посета на Холандија.

За време на посетата, лидерот на ДУИ, ќе оствари средба со претставници на Министерството за одбрана на Холандија, министерот за надворешни работи на Холандија, Франс Тимерманс и со парламентарните комисии за надворешни работи и за европски прашања.

Во текот на утрешниот ден, делегацијата ќе отпатува за Брисел. Предвидено е да се оствари средба со заменик генералниот секретар на НАТО, Александер Вершбау, новоименуваниот директор за проширување на ЕУ, Кристиан Дениелсон, како и со неколку постојани претставници на земјите членки на ЕУ.

 

07.10.2013 - 12:15
Фото: 
макфакс

најчитано сега