Обвинителството бара строги казни за обвинетите во случајот „Ликвидација"

Денеска во Основниот суд Скопје 1 продолжи судењето за случајот „Ликвидација" во кој е обвинет и новинарот на Нова Македонија, Томислав кежаровски.

Денеска во судот се изрекуваат последните зборови за овој случај. Како што пренесе Нова Македонија, претставник на Јавното обвинителство побара повисоки казни за осомничените во случајот со убиството во велешкото село Ореше, додека за Кежаровски претставникот на Јавното обвинителство изјави дека докази се неговите текстови објавени во списанието „Репортер 92“ каде новинарот објавил име на заштитен сведок.

Инаку, во случајот Ликвидација осум лица се товарат за примање поткуп, злоупотреба на службената положба, неовластено оддавање информации и податоци за сведоците и соработниците на правдата, противзаконито посредување и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали. Обвинетите беа уапсени на 28 мај оваа година.

07.10.2013 - 11:59
Фото: 
А1.он

најчитано сега