Го претепал со лопата - инцидент во Струга

Во текот на вчерашниот ден настанала тепачка меѓу две групи во Струга. Од една страна П.А. заедно со своите синови Б.А. и А.А. и од друга страна И.М. заедно со своите братучеди Д.М. и Џ.М. се испотепале околу 19 часот во селото Горно Татеши. Во еден момент Б.А. земал лопата и неколку пати со неа го удрил Џ.М. со што тој се здобил со тешки телесни повреди.

Лицата се пренесени во медицинскиот центар во Струга за лекување, а полицијата работи на расветлување на случајот.

07.10.2013 - 11:08

најчитано сега