Нова мода - еден “куп“ Бугари секој ден доаѓаат на пазар во Македонија

По неколку автобуси полни со Бугари секој ден доаѓаат од Благоевград во Македонија, за да купат поевтини земјоделски производи, објавува бугарскиот дневен весник „Труд“. 

Бугарите кои доаѓаат во Македонија, се снабдуваат со пиперки и домати за лутеница и ајвар, зеленчук, шеќер и цигари. Бугарите купуваат и кочански ориз и сирење, чиј вкус Бугарите ги потсетувало на вкусот на детството.

Весникот пишува дека расте и трговијата со лекови.

07.10.2013 - 10:12