Османи- Лајчак: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе ги зацврсти европските перспективи на Западен Балкан

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи имаше средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка, Мирослав Лајчак, соопшти  вадината прес служба.

„Интеграцијата на Северна Македонија, но и на земјите од регионот во ЕУ, претставува значаен елемент во изградбата на постабилна, побезбедна и попросперитетна Унија, и во оваа насока, почетокот на преговорите со Северна Македонија, претставува значаен израз на европските перспективи на целиот регион“, истакна Османи, изразувајќи притоа благодарност до Министерот Лајчак за силната словачка поддршка за европската интеграција на земјава, особено од аспект на последната иницијатива на дел од земјите – членки, меѓу кои и Словачка, преку заедничка декларација јавно да ја демонстрираат поддршката за европските интеграции на земјава и регионот. 

Вицепремиерот Османи посочи и на континуираната политичка и економска билатерална поддршка од страна на Словачка, која во овој период има особено значење за евроинтегративниот процес, во реализација на Европското движење на  Македонија со поддршка на УСАИД и Амбасадата на Република Словачка. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега