Грчки владини извори: Најважна е имплементацијата на Преспанскиот договор за влез во ЕУ

Советот не само што го поздравува Договорот од Преспа, туку ја истакнува и важноста на неговото спроведување, а со тоа ЕУ добива улога во следењето на верната имплементација, коментираат грчки владини извори за вчерашните заклучоци на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија во однос на Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Советот за прв пат, не само што го поздравува како историски Договорот од Преспа, потенцирајќи ја неговата важност за интегративниот процес на Северна Македонија, туку ја истакнува и важноста на неговото спроведување. На овој начин ЕУ добива улога во следењето на верната имплементација на Договорот од Преспа, коментираат грчките владини извори.

Во однос на Турција, истите извори велат дека ЕУ за прв пат одлучува за мерки за Анкара „за прекршување на меѓународното право и конкретно за активностите во кипарската ексклузивна економска зона“.

За Албанија, грчките владини извори коментираат дека „за прв пат Советот официјално го поставува заштитата на правата на сопственост и правото на самоопределување, како критериуми за пристапниот процес“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега