Тешка сообраќајка кај Кавадарци - тракторист се бори за живот

Тракторист кој превезувал грозје е тешко повреден попладнево во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Кавадарци - Мушов Гроб. 

Трактористот со тешки телесни повреди со брза помош е пренесен во општата болница во Кавадарци, а оттаму на Ургентниот центар во Скопје.

Информацијата ја потврдија од кавадаречката полиција, но велат дека засега не можат да соопштат повеќе детали за несреќата бидејќи се уште трае увидот на местото на настанот

06.10.2013 - 19:49

најчитано сега