„Достоинство“ си заминува од коалицијата со Заев?

 

Партијата на генералот Стојанче Агелов, Достоинство, одлучила да ја напушти коалицијата „Сојуз за Иднината“, пренесува Денешен.мк. Достоинство најавуваше напуштање на коалицијата уште по дебаклот на опозицискиот блок на локалните избори, но ваквата одлука досега не беше реализирана. 

Според извори на Денешен.мк, иако лидерот Зоран Заев, по минатонеделната средба на коалицијата изјави дека сите опозициски партии имаат исти ставови околу стратегија за дејствување, сепак внатрекоалиционите состојби не се во најдобар ред. 

Пресудни за разединувањето, дознава Денешен, биле дијаметралните разлики за многу прашања.

06.10.2013 - 15:45
Фото: 
Нова ТВ

најчитано сега