Протоколот за НАТО утре пред естонските пратеници

Протоколот за членство на Македонија во НАТО утре ќе се најде пред естонските пратеници.

Документот е ставен на дневен ред на седницата на Парламентот на Естонија, која ќе биде 17-та земја што ќе го ратификува Протоколот, откако тоа минатата недела го стори германскиот Бундестаг.

Шеснаесет од 29 земји-членки го официјализираа пристапувањето на Северна Македонија во најголемиот воено-политички сојуз во светот.

Властите во земјава, но и високите претставници на Алијансата се надеваат дека целиот процес ќе заврши до декември, кога се одржува Самитот на НАТО во Лондон.

На декемврискиот Самит Алијансата одбележува 70-годишнина, а тоа се смета за добра можност Северна Македонија да стане 30. членка. Сепак доколку процедурата не биде завршена дотогаш очекувањата се земјата и официјално да стане дел од НАТО и да учествува во процесот на носење политички одлуки на почетокот на следната година.

Амбасадорите на 29. земји-членки на 6 февруари во седиштето на НАТО го потпишаа Протоколот за членство, а прва го ратификуваше Грција. Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат утре ќе има сослушување поврзано со пристапувањето на Северна Македонија во НАТО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега