Полицијата улови двајца затвореници кои слободно си се шетале низ Скопје

Во последниве 10 дена, полицијата улови двајца осуденици кои си шетале слободни по улици, иако требало да издржуваат казни затвор во „Идризово“/

На 27. септември, скопската полиција го уапсила 33 годишниот скопјанец Али. С., кој се барал за доиздржување затворска казна поради извршена тешка кражба. Тој бил спроведен во Затвор – Идризово, Скопје.

На 1. октомври, полијата го лишила од слобода 46 годишниот скопјанец Сафет И., кој се барал за издржување затворска казна во траење од четири години, поради извршена тешка кражба. И овој осууденик е спроведен во затворот Идризово.

 

05.10.2013 - 11:49

најчитано сега