Пукано кон паркирано БМВ во Арачиново

Утрово 30 минути по полноќ граѓанин пријавил дека во Арачиново кај старото училиште се слушало  пукање од автоматско оружје.

Непознати  лица кои се превезувале во возило кое било во движење, пукале кон паркирано возило марка  “БМВ“ , при што од испуканите проектили нема повредени лица.