Охрид: Пиел со сограѓанин, па го пронашле легнат на улица со крварење во мозокот

Денеска десетина минути по полноќ во Охрид било пријавено дека бил повреден 53-годишниот Д.Ц. од Охрид.

Претходниот ден Д.Ц. бил забележан  заедно со  Г.Н.  како пијат ракија од пластично шише, на една од тезгите во Градски пазар во Охрид,  при што  и двајцата биле видно под дејство на алкохол.

По кратко време Г.Н. си заминал, а околу 23 часот и 25 минути, Д.Ц. бил забележан како лежи.  

По укажаната лекарска помош од страна на доктор било утврдено дека Д.Ц. се здобил со крварење во мозокот и е во животна опасност, пo што истиот ќе биде пренесен на лекување во Одделението за неурохирургија во Скопје.  

Полицијата работи на расветлување на случајот.

најчитано сега