14-годишното девојче од кочанско сеуште е во кома

 

Најтешко повреденото 14-годишно девојче од кочанско сеуште е во кома и на апарати за дишење, пренесува Здравство 24.

 Лекарите од КАРИЛ будно ја следат состојбата на девојчето кое има сериозни повреди на градниот кош и белите дробови.

На клиниката за интензивно лекување има уште едно 12 годишно девојче  со повреди на слезината, но за разлика од нејзината другарка дише самостојно, а  во подобра здравтвена состојба се трите деца кои се лекуваат на клиниката за Неврохирургија.

ФОТО:Здравство.24

најчитано сега