Мотор и автомобил се искршија во Скопје - Двајца во болница

Во 03.45 часот на  крстосницата од булеварот „Илинден“ и улицата „Аминта трети“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Хонда„ без регистерски ознаки, управуван од 26-годишниот Б.Л. од Скопје и патничко возило „Дачиа Логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот Т.М. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот Б.Л. и неговиот сопатник, 27-годишниот А.А. од Скопје. Со возило на итна медицинска помош Б.Л. бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека А.А. бил пренесен во Градската општа болнца „Св.Наум Охридски“.

Двајцата се задржани на понатамошно лекување.

 Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега